Фудбалер на Севилја со уникатна тетоважа го врежа освојувањето на Лигата на Европа на своето тело (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Севилја Диего Карлос со уникатна тетоважа заскогаш го врежа освојувањето на Лигата на Европа на своето тело.

Диего Карлос беше еден од најзаслужните што Севилја уште еднаш го освои тронот во Лига Европа откако неговите ножички беа клучни за автоголот кој во 74. минута си го постигна Ромелу Лукаку.

Тоа беше третиот, воедно и последен гол за Севилја, а воопшто и на натпреварот, кој му го донесе посакуваниот трофеј на клубот од Андалузија.

Сега Карлос го истетовира трофејот, а над него има силуета која удира топка во ножички која потсетува на него и моментот од 74. минута во Келн.