Фудбалер на Тотенхем презел радикални промени за да се врати во форма


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотенхем многу лошо влезе во новата сезона, а навивачите прстот го вперија во неколку фудбалери, меѓу кои и Деле Али.

Тој минатата година беше феноменален во дресот  на „петлите“  но сега е далеку од посакуваната форма, и се чини дека се наоѓа во најлошиот период од кариерата.

Токму затоа, Деле Али кој испадна од списокот на репрезентацијата на Англија се одлучил на драстичен чекор. Имено, младиот фудбалер ангажирал личен нутриционист за да се обиде да ги запре повредите на мускулите и сега се наоѓа на строга диета. Исто така одлучил да ги намали своите активности кога е во прашање маркетингот, односно снимањето реклами, а се за тоа подобро да се фокусира на процесот на враќање во врвна форма.