Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Фудбалерот на Вест хем, Роберт Снодграс е суспендиран на еден натпревар, зашто ги навредил службениците за допинг-контролата.
Инцидентот се случил во текот на февруари, кога антидопинг агенцијата на Англија го посети тренинг-центарот на Вест хем, но шкотскиот фудбалер ги навредувал.
„Зарем немате друга работа пи*ки е*ени?“, викал Снодграс на службениците.
Тие поради овие зборови решиле да го суспендираат на еден меч и да го казнат со 30.000 фунти.
„Неговото однесување кон службениците на антидопинг агенцијата беше агресивно и неприфатливо“, соопштија од Фудбалската асоцијација.
Интересно е тоа што Снодграс нема да го пропушти наредниот меч на Вест хем во Премиерлигата, а причина е тоа што тие се жалеле на одлуката и таа не е важечка додека не заврши постапката.