До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанските медиуми објавија денеска дека 22-годишен фудбалер на третолигаш е заразен со коронавирусот, кој се прошири низ целиот свет во последниот период.
Иако не беше соопштено името, се шпекулира дека тоа е нигерискиот фудбалер Пол Акпан Удо, кој е единствен 22-годишен играч во тимот и тој не настапи минатиот викенд.
Причината поради тоа што не бил во екипата е висока температура, а со истражувањата се потврдило дека се разболел со коронавирус.
Заразениот фудбалер веднаш бил пренесен во болница и се чувствува добро, па се очекува успешна рехабилитација.
Претходно италијанската Влада дозволи да се одиграат следните натпревари во Серија А без публика, за да се спречи евентуално ширење на вирусот.















