Фудбалер заразен со корона се пофали дека го победил Роналдо, но сепак тоа не е вистина! (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо вчера преку социјалните мрежи почна интересен предизвик и ги натера своите фанови и останати фудбалери да прават физички вежби на подготвеност и издржливост.

Искусниот Португалец вчера направи 142 стомачни за 45 секунди, по што постави прашање дали може некој да го урне неговиот рекорд.

Подоцна се јави Матуиди, еден од тројцата фудбалери од Јувентус кои се заразени со коронавирус, па тврдеше дека го надминал Роналдо, односно за 45 секунди направил 144.

Сепак, доколку броиме како што треба, може да забележиме дека на видеото му е наместено побрзо да се бројат стомачните, па Матуиди прави само 75 стомачни, а не 144 како што тврди во видеото.