Фудбалерите на Барселона не спиеле: Прво огномет, а потоа и против-пожарен аларм!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вечерва на гости играат во реваншот против ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони.

ПСЖ го доби првиот дуел со 4-1 и веќе со една нога е во четвртфинале, но Каталонците ќе се обидат да направат изненадување.

Навивачите на ПСЖ вчера им правеле проблеми на фудбалерите на каталонскиот гигант, зашто прво ги буделе со огномет, а потоа го активирале и против-пожарниот аларм во хотелот.

Полицијата го пронашла лицето кое го направило тоа и потврдиле дека станува збор за навивач на ПСЖ.