Фудбалерите на Интер во карантин поради „случајот Ругани“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Општ хаос е низ целиот свет на спортот поради коронавирусот, при што Јувентус и Интер се најмногу погодени од клубовите.

Старата дама откри дека фудбалер е заразен со овој вирус. Тоа е дефанзивецот Даниеле Ругани, а Јувентус ја потврди оваа вест синоќа.

Сите фудбалери на Старата дама се во карантин од тој момент и така се и фудбалерите на Интер. Нероаѕурите утрово потврдија дека сите фудбалски активности се прекинати и дека фудбалерите биле испратени во карантин каде ќе бидат тестирани сите оние што играа против Јувентус во неделата вечерта.

Ругани не играше во тој натпревар, но тој беше на клупата и дојде во близок контакт со противничките играчи, барем во тунелот.

„Бидејќи Јувентус објави дека Даниеле Ругани е позитивен за коронавирусот, Интер најавува дека сите фудбалски активности се прекинати до неодредено“, рече меѓу другото таборот на Нероаѕурите.

Инаку, откако беше откриен неговиот коронавирус, се огласи и самиот Ругани.

“Да, јас имам коронавирус, но не се грижете. Добро сум. Ве повикувам да ги следите правилата, бидејќи вирусот не прави никаква разлика. Направете го тоа за себе, за вашите најблиски и за сите околу нас”, напиша овој фудбалер.

Потсетете се дека Серија А секако беше прекината до 3 април, а по ’случајот со Ругани’ е јасно дека Старата дама нема да може да ја игра ниту Лигата на шампионите. Од претходно е познато дека натпреварите од Лигата на Европа на Севиља – Рома и Хетафе – Интер се откажани.