Фудбалерите на Јувентус се уште се заразени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус заедно со Фиорентина и Сампдорија е најпогодениот клуб во коронавирусот во Серија А.

Додека фудбалерите на Фиорентина и Сампдорија успешно се опоравија и излечија од Ковид 19, со фудбалерите на „Старата дама“ ова сè уште не е случај.

Имено, неодамнешните тестови на Даниеле Ругани и Блејз Матуиди беа позитивни. Иако се чувствуваат добро, нивното тело не е целосно исчистено од инфекција затоа што имаат благи симптоми.

Пауло Дибала, кој беше позитивен пред неколку дена, во меѓувреме помина нов тест и сега чека резултати. Здравјето на Аргентинецот исто така не е загрижувачко.

Инаку, Ругани е првиот играч во Серија А кој е заразен со коронавирус. Помина еден месец од првиот тест, но дефанзивецот сè уште не заздрави.