Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиската јавност остана воодушевена по последниот потег на фудбалерите на Норич, кои му ја исполнија последната желба на нивниот навивач Бери Гривс, кој кажа во тестамент што сака.
Бери почина на 28 декември на 83 години, а во споменатиот тестсамент оставил 100 фунти и кажал дека со тие пари сака фудбалерите на неговиот омилен клуб да наздрават.
„Секогаш ми зборуваше дека ќе остави 100 фунти на фудбалерите во тестаментот. Сакаше на тој начин да им се заблагодари за спомените. Сакаше да направи нешто посебно за саканиот клуб“, раскажува неговата ќерка Сара.
Бери уште како 10-годишно момче бил на првиот меч на Норич и од тој момент не пропуштил ниту еден дуел на омилениот клуб.
Cheers, Barrie! ? pic.twitter.com/XXpJYe3QRR
— Norwich City FC (@NorwichCityFC) January 10, 2020