Фудбалерите на ПСЖ се меѓу најплатените во Франција

ПСЖ има огромна финансиска моќ, па не изненадува фактот дека фудбалерите на францускиот шампион се едни од најплатените во Лига 1.

Килијан Мбапе е најплатен во Лига 1 со заработка од шест милиони евра месечно, а зад него е Осман Дембеле со плата од 1,12 милиони евра месечно, по што следи Лукас Ернандез со 1,1 милион евра.

Над милион евра заработува и Милан Шкриниар, а во топ-15 освен ѕвездите на ПСЖ се наоѓаат и двајца други фудбалери, и тоа Пјер-Емерик Обамејанг од Марсеј кој добива 650.000 евра месечно и Бен Једер од Монако со плата од 645.000 евра месечно.