Фудбалерите на Шпанија синоќа јасно порачале што мислат за отказот на Морено


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голем хаос се случуваше синоќа во Мадрид по мечот меѓу Шпанија и Романија во рамки на последното коло од евроквалификациите. Шпанците славеа со 5-0, а потоа тренерот Роберт Морено доби отказ.

Морено влегол во соблекувалната со солзи во очите и открил дека од Фудбалскиот сојуз на Шпанија му соопштиле дека ќе добие отказ, а на негово место ќе седне Луис Енрике, кој пред неколку месеци го напушти кормилото поради болест на неговата ќерка.

Сепак, Морено нема да му биде ниту помошник на Енрике, па дел од фудбалерите застанале на страната на Морено и му дале поддршка. Откако тргнале со автобусот никој од играчите од протест не сакал да застане и да даде изјава за шпанските медиуми.