Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силекс го доби пријателскиот меч против Борец со 2-0 во рамки на подготовките за следната сезона, но имаше сцени од натпреварот кои не беа од пријателски каркатер, односно се случи масовна тепачка меѓу фудбалерите.
Нешковски постигна гол за водство на Силекс од 1-0, по што Мустафов ја потврди победата на екипата од Кратово (2-0). Сепак, на дуелот се случи тепачка, во која се вмешаа речиси сите играчи на двете екипи.
Да потсетиме, Силекс ќе настапи во Лигата на шампиони следната сезона, откако Вардар не доби евролиценца.