„Фудбалерите не сакаат да играат за Србија поради Пикси“


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Србија на почетокот на Лигата на нации ќе се соочи против Шпанија и Данска, а селекторот Драган Стојковиќ – Пикси не може да смета на дел од фудбалерите.

Фудбалерите како причина наведоа семејни и други причини, но аналитичарот Раде Богдановиќ смета дека Пикси е главната причина за нивното отсуство.

„Причината што не се во составот е незадоволството од Пикси. Влаховиќ не сака да игра како крило, какви се тие причини кога те чека меч со европски шампион, сепак никој не сака да игра за суетниот Пикси“, кажа Богдановиќ.