Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Здружението на професионални фудбалери во Англија и Велс, Махета Моланго за „Скај Спортс“ кажа дека фудбалерите се подготвени да бараат заштита поради големиот број на натпревари.
Моланго вели дека ФИФА го ризикува здравјето на играчите со зголемувањето на бројот на натпревари и додавањето на нови турнири.
„Дојдовме до ситуација во која треба да се заштитиме. Тажно е тоа што му се случува на фудбалот, а голем пораз за спортот е тоа што фудбалерите мора сами да се заштитат, наместо некој друг да застане зад нив. На играчите им е јасно дека добиваат големи плати, но човечкото тело има свои граници“, вели Моланго.
ФИФА планира да воведе нов формат на Светско клупско првенство со 32 тима, а исто така на следниот Мундијал ќе играат 48 репрезентации, но се зголемува и бројот на дуели во Лигата на шампиони.