Фудбалерите во Премиер лигата на неколку начини ќе оддадат почит на жртвите од коронавирусот, но и на движењето за правата на црните луѓе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПРемиер лигата ќе продолжи на 17. јуни кога ќе бидат одиграни два натпревари од 28 коло, а потоа два дена подоцна ќе бидат одиграни и натпреварите од 29. коло.

Сите натпревари ќе започнат со минута молчење во чест на сите оние кои ги загубија животите во текот на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Играчите на сите тимови на дресовите ќе имаат беџови во облик на срце и на тој начин ќе искажат благодарност до медицинските работници.

За крај, ќе биде оддадена почит и на движењето за правата на црните луѓе. Смртта на Џорџ ФЛојд предизвика лавина реакции, па така поддршка ова движење ќе добие и од премиерлигашите.

Имено, на фудбалерите ќе им биде дозволено да клекнат пред натпреварот, а ќе биде дозволено и паролата „Black Lives Matter“ да стои на грбот на дресовите, наместо имињата на играчите.