Фудбалерите ќе играат со црни дресови во чест на загинатите во Кочани


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Во овој викенд, македонската фудбалска репрезентација започнува со квалификациите за Светското првенство во 2026 година, со првиот натпревар против селекцијата на Лихтенштајн, која важи за аутсајдер на хартија.

Нашите репрезентативци, заедно со тренерскиот тим, веќе пристигнаа во Вадуц каде што ќе се одржи воведниот натпревар. Атмосферата во тимот и подготвеноста се далеку од типичната спортска еуфорија. Цела делегација е под силен впечаток од трагедијата што ја потресе Македонија, предизвикана од катастрофалниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, кој одзеде 59 животи и остави многу повредени.

Како знак на почит и солидарност кон жртвите и нивните семејства, македонските фудбалери одлучија да го одиграат овој натпревар облечени во црни дресови.