ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Фудбалерот на Барселона Гави поради повреда нема да игра четири до пет месеци, соопшти вечерва шпанскиот клуб.
Како што се наведува на веб-страницата на Барселона, Гави беше подложен на артроскопска интервенција за да се реши повредата на медијалниот менискус.
Гави го одигра последниот натпревар за Барселона пред еден месец против Леванте.
Покрај Гави, поради повреда за Барселона моментално не играат и Ламин Јамал, Фермин Лопез, Марк-Андре тер Штеген и Алехандро Балде.
Барселона се наоѓа на второ место на табелата на Ла Лига со 13 бодови, а во четвртокот ќе гостува кај Овиедо.