Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Дани Дринквотер е обвинет дека возел во пијана состојба и дека во таа прилика учествувал во сообраќајна несреќа која се случи вчера.
Тој е уапсен рано утринава, тој и жената се полесно повредени, а играчот за врска на „Плавите“ на суд ќе биде на 13. мај, додека со помош на кауција моментално е пуштен од притвор.
Доста се мачи откако премина од Лестер во Челси за 40 милиони евра, со месеци не одигра конкретен натпревар, па иттука и малку му е поопуштен начинот на живот поради кој дефинитивно ќе плати на овој или оној начин.
На неговата позиција се играчите како Жоржињо, Канте, Баркли, Лофтус Чик и останатите, па е јасно дека се потребни многу напори за да се истакне како прв пик кај Маурисио Сари.
Медиумите во Англија нагласуваат дека ова е веројатно негвиот крај во Челси, како и тоа дека на лето ќе ја промени средината, ако не како продаден играч, тогаш некаде по пат на позајмица.