Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид е голема желба на голем број фудбалери, „Кралскиот клуб“ со причина се смета за најголем во 21. век земајќи ги предвид трофеите и играчите кои настапуваа во него.
Исклучок не е ниту фудбалерот на Лацио, Луис Алберто кој се надева на повик од Мадрид.
„Се надевам дека ќе ме повика Реал или некој друг голем клуб, но моментално сум сконцентриран на Лацио. Сакам да настапувам во Лигата на шампионите, тоа му го ветив на директорот“, истакна 26-годишниот Шпанец.
Офанзивниот играч за врска во минатото настапуваше за Севиља и вториот тим на Барселона како позајмен играч, а потоа се пресечи во Ливерпул.
По неколку години талкање, вистинската форма ја пронајде во Рим каде оваа сезона на 20 натпревари во Серија А постигна три погодоци и запиша шест асистенции.