Фудбалот победи: Најубавата сцена која се случи по епскиот скандал! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пет минути се играше дербито меѓу Бразил и Аргентина, по што беше прекинато поради полицијата и здравствената комисија која сакаше да ги приведе аргентинските играчи кои го прекршиле бразилскиот протокол за ковид-19.

Два часа пред мечот беше соопштено дека четворица Аргентинци не можат да играат минатата вечер затоа што ги прекршиле протоколите и им беше наредено да го напуштат Бразил.

Станува збор за Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо, Кристијан Ромеро и Емилијано Буендиа кои не го пријавиле престојот во Англија во претходните 14 дена.

Додека Аргентинците на некој начин беа „депортирани“ од Бразил, домаќинот меѓу себе играше тренинг натпревар.

Сепак, за да победи фудбалот се погрижија Лео Паредес и Нејмар, и тоа откако Аргентинците тргнаа да го напуштат стадионот.