Фудбалот се враќа во Шпанија: Барселона го објави распоредот за следните два натпревари


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред неколку дена беше потврдено дека шпанската Ла Лига ќе продолжи на 11. јуни со градско дерби помеѓу Севилја и Бетис.

Паузата во Шпанија трае скоро три месеци, но за десет дена првенството конечно ќе продолжи. Клубовите тренираат во своите кампови веќе скоро еден месец, а фудбалерите успеаја да се подготват за остатокот од сезоната.

Неверојатно е дека дури 110 натпревари ќе се играат за само 39 дена, а ќе можеме да ја следиме Ла Лига скоро секој ден. Шпанците направија распоред за да ја завршат лигата до почетокот на август, поради што барем еден натпревар нè чека скоро секој ден.

Барселона се огласи синоќа и им откри на своите фанови кога ќе играат наредните две кола. Во 28-то коло, каталонскиот клуб ги очекува гостување против Мајорка, а натпреварот ќе се одигра на 13. јуни од 10 часот.

Само три дена подоцна, Барса ќе го пречека Леганес на „Камп Ноу“ во 29-то коло од Ла Лига, а овој натпревар се игра и во 22 часот.