Фудбалот во Аргентина запира поради Меси, еве што ќе му приредат

Аргентинската фудбалска лига ќе му оддаде почит на Лионел Меси по неговото повлекување од репрезентацијата така што овој викенд сите натпревари ќе бидат прекинати во 10-тата минута, по што ќе следува минута аплауз.

Меси со години гордо го носеше бројот десет на дресот на Аргентина, но по оваа година на Светското првенство одлучи да ја заврши репрезентативната кариера.

„Во знак на признание и почит за кариерата на Лионел Меси во аргентинската репрезентација, во 10-тата минута од сите натпревари судиите ќе ја запрат играта и ќе се одржи заедничка минута аплауз“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Аргентина (AFA), пренесува BBC.

Меси оваа седмица најави дека ја завршува репрезентативната кариера, но ќе продолжи да игра за Интер Мајами.