Фудбалска лекција од Севилја за Рома, Андалузијците во четвртфиналето од Лига Европа

Екипата на Севилја одржа вистинска фудбалска лекција за Рома во денешниот меѓусебен натпревар од четвртфиналето од Лига Европа.

Андалузијците победија со 2:0 на средбата, но во ниту еден момент не дозволија Рома да се доближи ни блиску до голот на Боно.

Севилја двата гола ги постигна во првото полувреме преку Серхио Регулион и Јусуф Ел Несири.

Освен Севилја меѓу осумте најдобри во Европа се пласираше и тимот на Баер Леверкузен кој рутински славеше против Глазгов Ренџерс со 1:0.