Фудбалска машина: Левандовски ја проби границата од 600 гола


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полскиот фудбалер кој го носи дресот на Барселона, Роберт Левандовски ја надмина границата од 600 голови во кариерата, откако погоди двапати против Вилјареал (3-0).

Каталонскиот гигант ја оправда фаворитската улога, а Левандовски на мечот стигна до вкупно 601 гол во богатата кариера.

Овој 34-годишен напаѓач е трет фудбалер кој ја надмина границата од 600 голови во кариерата, по Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Левандовски во дресот на Борусија Дортмунд постигна 103 гола на 186 настапи, додека беше многу поефикасен во Баерн, каде што запиша 344 гола на 375 дуели. Исто така, Полјакот постигна 21 гол за Знич, 41 за Лех и 76 за неговата репрезентација.