Фудбалска ѕвезда по еден тренинг реши да го напушти Манчестер јунајтед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез сакал да го напушти клубот само неколку часа по неговото пристигнување, како големо засилување. Според неговите зборови, на првиот тренинг веќе бил свесен за некои работи.

Кога Санчез премина од Арсенал на „Олд Трафорд“ во јануари 2018 година, многу навивачи на Јунајтед веруваа дека клубот обезбедил потпис на еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата. Сепак, работите за Санчез во Јунајтед не се одвиваа како што се очекуваше и тој призна дека веднаш зажалил што се согласил на овој трансфер.

„Ја прифатив шансата да преминам во Јунајтед, тоа беше привлечно и се чинеше како добра опција за мене. Како дете, многу го сакав овој клуб. На крајот потпишав, но не побарав никакви информации за тоа што се случува внатре во клубот. По првиот тренинг се вратив дома и им реков на моето семејство и агентот: ‘Може ли да го раскинеме договорот и да се вратиме во Арсенал?’“, открива Санчез.