Фудбалски клуб од Англија стави на список играч што е во затвор


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот Лукас Акинс, кој отслужува казна затвор, е вклучен на списокот на тимот на Мансфилд таун за оваа сезона, што му отвора пат за продолжување на кариерата по ослободување, пишува bbc.com. Овој 36-годишник во април започна 14-месечна казна затвор откако призна вина за предизвикување смрт на велосипедист со невнимателно возење во март 2022 година.

Се очекува Акинс да биде ослободен по отслужување на половина од казната, додека преостанатите седум месеци ќе ги помине на условна слобода. Тоа значи дека искусниот напаѓач би можел да заигра за англискиот третолигаш пред Божик.

Англиската фудбалска лига (EFL) ги објави списоците на тимовите, со што е потврдено кои играчи се под договор и регистрирани за новата сезона. Иако се сметаше дека договорот на Akins истече на крајот од минатата сезона, неговото име на списокот ги изненади многумина.

Уште во мај, Мансфилд изјави дека “продолжува да ја разгледува својата позиција” во врска со напаѓачот. На прашањето на BBC Sport за новонастанатата ситуација, клубот кусо порача: “Клубот ќе ја преиспита позицијата на Lucas кога и ако биде ослободен од притвор и во овој момент нема да даде понатамошни коментари.”

Акинсбеше играч на Мансфилд и во времето кога се случи трагичната несреќа пред повеќе од три години.

За време на судењето, Акинс продолжи да игра за клубот до изреката на пресудата. Само неколку часа откако на 4 март во Крунскиот суд во Лидс призна вина, започна натпреварот во Лига 1.