Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Итлаија бара Јувентус да биде дополнително казнет со одземање на уште 20 бодови поради финансиска измама околу платите на фудбалерите за време на пандемијата на ковид-19.
Италијанскиот спортски суд го казни Јувентус пред две недели со одземање на 15 бодови, по што тимот испадна од топ-4 и сега се наоѓа далеку од позициите кои водат во Европа.
Обвинителството бара дополнителна казна, а ако на Јувентус му се одземат уште 20 бодови, тоа ќе значи дека „Старата дама“ ќе падне на последно место.
Јувентус во моментов е на 13. место на табелата во Серија А со 23 бодови.