Фудбалскиот свет зборува за изјавата на Анри по драмата во Лисабон: „Не го сакам Реал…“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Винисиус Жуниор и Џанлука Престијани се главната тема на фудбалската јавност ширум светот, бидејќи Бразилецот го обвини играчот на Бенфика за расизам на синоќешниот меч во Лисабон, а во центарот на вниманието се најде и Тјери Анри поради она што кажа на таа тема.

Бенфика и Реал Мадрид синоќа го одиграа првиот натпревар од плеј-офот на Лигата на шампионите, а на крајот кралскиот клуб успеа да слави со минимални 1:0.

Победата на Реал на пеколната гостинска почва ја донесе Винициус Жуниор кој во 50-та минута од натпреварот го постигна единствениот гол по асистенцијата од Килијан Мбапе.

По голот на Винициус настана вистински хаос. Домаќините беа незадоволни од неговото славење и провокациите, а сѐ ескалираше кога Бразилецот се упати кон судијата и го обвини Џанлука Престијани за расизам.

Легендарниот Французин во емисијата на CBS Sports зборуваше за овој детал и веднаш застана на страната на Винициус, изјавувајќи дека и самиот доживувал вакви ужасни сцени додека играл фудбал.

„Не знаеме што рече Престијани бидејќи беше толку ‘храбар’ што го покри лицето со дресот. Тоа веднаш е сомнително затоа што не можеме да му ги видиме усните што рекол. Реакцијата на Винициус ми кажува дека нешто не е в ред”, вели Анри и продолжува.

„Сега ќе кажам неколку зборови што се доста силни. Не го сакам Реал Мадрид, но вечерва сум мадридист. Не ме интересира кој дрес го носи Винициус Жуниор, бидејќи тие сцени не сакам да ги гледам. Луѓето зборуваат дека ова постојано му се случува, но тоа не е поентата. Треба да зборуваме за она што било кажано, а тоа е дека Винисиус е мајмун. За што понатаму да зборуваме? Што да преземеме?”.