Фудбалскиот свет зборува за прославата на Мбапе по голот против Дортмунд (Видео)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Килијан Мбапе конечно се врати на теренот и синоќа постигна гол во победата на Реал Мадрид над Борусија Дортмунд (3:2) во натпреварот од четвртфиналето на Светското клупско првенство. Но, она што многумина ги воодушеви беше прославата на голови на напаѓачот на кралскиот клуб.

Реал и Дортмунд одиграа одличен натпревар и изгледаше дека по 92 минути игра Кралевите лесно ќе продолжат понатаму бидејќи водеа со 2:0.

Меѓутоа, во судиското продолжение гледавме вистински спектакл во кој видовме дури три гола и еден директен црвен картон, па Реал успеа некако да дојде до триумф.

Дортмунд намали во 93. минута со голот на Бајер, но уште во следниот напад Реал постигна гол за 3:1 кога на фантастичен начин Мбапе го матира противничкиот голман.

Но, само што повторно започнаа од средината играчите на Дортмунд успеаја да изборат пенал и директен црвен картон, а голот од белата точка го постигна Гирасси. Дури и Дортмунд во последните секунди имаше уште една голема шанса, но Куртоа го спаси Реал Мадрид.

По натпреварот во центарот на вниманието се најде Мбапе кој конечно се врати на теренот откако не играше на Светското клупско првенство поради здравствени проблеми.

Мбапе доби шанса во 67. минута, а во судиското продолжение мајсторски постигна гол за 3:1.

Сепак, она што го одбележа тој погодок беше прославата со која Мбапе го прослави истиот. Тој го посвети голот на трагично настраданите Диого Жота и Андре Силва кои загинаа пред неколку дена во Шпанија.

Фотографија: Принтскрин

.