„Фут Меркато“: Мбапе се договори со Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, па во следниот период може да преговара со заинтересираните страни.

Според информациите на „Фут Меркато“, Мбапе веќе постигнал договор со Реал Мадрид и сигурно ќе биде главна тема и во следниот период.

Веќе неколку години по ред е актуелна приказната за преселбата на младиот француски напаѓач на „Сантијагон Бернабеу“.

Иако и пред две години се шпекулираше дека е постигнат договор, сепак Мбапе тогаш реши да потпише нова соработка и да остане во Париз.