Галатасарај му објави „војна“ на Мурињо – ќе го пријави до УЕФА!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Галатасарај планира да покрене кривична постапка против тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо, обвинувајќи го за расистички коментари по натпреварот на двете истанбулски екипи.

Галатасарај и Фенербахче синоќа одиграа нерешено 0:0, а по натпреварот домаќинот Галатасарај го обвини 62-годишниот португалски тренер за „упорно давање на навредливи коментари за турскиот народ“.

Денес неговиот дискурс ескалираше. Со ова официјално изјавуваме намерата да покренеме кривична постапка во врска со расистичките изјави на Жозе Мурињо и соодветно ќе поднесеме официјални жалби до УЕФА и ФИФА“, се наведува во соопштението кое беше објавено доцна синоќа од Галатасарај.