Галевски јунак во пенал-драмата: Македонија триумфира над Бразил


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Македонската млада ракометна репрезентација продолжува со фантастичните настапи на Светското првенство, постигнувајќи ја и својата втора победа, овојпат против репрезентацијата на Бразил. По неизвесната средба која заврши 34-34 во регуларниот дел, екипата на „црвено-жолтите“ триумфираше во пенал серијата благодарение на маестралните одбрани на голманот Галевски.

Натпреварот за пласман помеѓу 25-то и 28-то место започна со изедначено темпо, при што двете репрезентации постојано го менуваа водството. Сепак, во завршницата на првото полувреме, тимот на селекторот Раде Стојановиќ прикажа поголема концентрација и обезбеди предност од три гола за време на паузата (18-21).

Бразил во вториот дел ја подигна својата игра и резултатот беше израмнет на 22-22 уште по пет минути од продолжението. Настапи пад во играта на Македонија, што Бразил го искористи за да поведе со предност од четири гола (29-25).

Но, младите македонски ракометари покажаа борбен дух и успеаја да се вратат. Со гол постигнат само осум секунди пред крајот, Македонија постигна израмнување на 34-34 и издејствува пенал-серија.

Во тие моменти, вистински блесна голманот Галевски, кој со своите две клучни одбрани на седмерци им донесе победа на своите соиграчи, обезбедувајќи уште еден триумф за Македонија на светската сцена.