До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен голман Иван Галевски даде свое видување за првиот меч на Европското првенство (ЕП) кое почнува денеска за Македонија, и тоа против Данска.
Галевски е свесен со какви ѕвезди располага Данска, но кажа дека не се плашат од никого и нема воопшто да се штедат на теренот.
„Го чекаме стартот на ЕП. Секоја селекција има слаби страни, така е и со Данска која има малку. Имаме инспирација, ќе ја играме нашата игра, нема да се штедиме и одиме на победа“, кажа Галевски.















