Галтие ќе му биде тренер на Елмас?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Наполи ја освои титулата во Серија А по пауза од 33 години, по што се раздели од тренерот Лучано Спалети, кој реши да земе одмор, а сега калчолигашот активно бара негов наследник.

Еден од кандидатите за нов тренер на екипата е Кристоф Галтие, кој доби отказ од ПСЖ, иако ја освои титулата во Лига 1.

Галтие претходно го предводеше Сент Етјен од 17. до четврто место, а потоа со Лил ја освои титулата пред две години, па сега би можел конечно да замине од Франција.