Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Еден Азар наскоро би требало да потпише договор со Реал Мадрид, откако двата клуба се договориле околу висината на отштетата на трансферот.
„Гардијан“ пишува дека „сините“ за белгискиот фудбалер ќе добијат 100 милиони евра плус бонуси, чиј износ во моментов не е познат.
Реал Мадрид продолжува со реконструкцијата на тимот, па се очекува екипата на Зинедин Зидан дополнително да го засили составот пред следната сезона.
Да потсетиме, Азар пристигна во Челси во 2012 година од Лил, а во меѓувреме беше еден од најзаслужните за освојување на неколку трофеи.
„Сините“ токму со него освоија два трофеи во Премиерлигата, ФА-купот, Лига Купот и две титули во Лига Европа.