Гарначо за голот со ножички: Не знам ниту јас како успеав! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алехандро Гарначо постигна спектакуларен гол против Евертон со ножички и дефинитивно ќе биде во конкуренција за најдобар погодок за оваа сезона.

Гарначо потсети на неверојатниот гол на Вејн Руни против Манчестер сити, а по натпреварот кажа дека и самиот не верува како успеал да се запише во листата на стрелци.

„Да бидам искрен, не ми се верува. Не знам како успеав. Сè уште е ноември, но верувам дека ова ќе биде еден од најдобрите голови за оваа сезона“, кажа Гарначо.