Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наполи има лош почеток на сезоната и не делува дека ќе ја одбрани титулата, па затоа најмногу критики доби тренерот Руди Гарсија и претседателот на клубот, Аурелиот Де Лаурентис.
Италијанските медиуми пишуваат дека Гарсија имал состанок со Де Лаурентис, кој му соопштил дека мора да ги подобри резултатите зашто во спротивно ќе добие отказ.
Шпекулациите за неговиот отказ станаа интензивни по несогласувањата со најголемите ѕвезди Виктор Осимен и Квича Кварацкелија.
Како потенцијална замена за Гарсија се споменува Игор Тудор, кој би можел во иднина да го тренира македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Неапол.