Гасол по 11 години во НБА-лигата се враќа во Барселона?!


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Шпанскиот кошаркар Марк Гасол ја заврши својата авантура во НБА-лигата, каде мина 11 години, па ќе се врати во Барселона.

Каталонскиот тим долго време бараше искусен центар, па без сомнеж ќе добијат квалитетно засилување.

Гасол пристигна во Торонто репторс во 2019 година и му помогна на тимот да ја освои титулата. Тој имаше во просек по 8,1 поен, 6,4 скокови и 3,5 асистенции во просек.

Овој 35-годишен кошаркар мина 11 години во НБА-лигата, каде што освои награда за најдобар дефанзивец за 2012/13.