Гасперини по караницата ги расчисти сметките и со Иличиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јосип Иличиќ се скара со тренерот Џанпјеро Гасперини во текот на мечот меѓу Аталанта и Реал Мадрид.

Веднаш почнаа шпекулациите дека фудбалерот би можел да стане нов жртва на Гасперини, но очигледно нема ништо од тоа.

Италијанските медиуми пишуваат дека Иличиќ ќе остане во Аталанта и дека сметките меѓу него и тренерот се расчистени.

Искусниот фудбалер кој во Бергамо игра неверојатно ќе потпише нов договор до 2024 година и ќе остане во тимот до свои 36 години.

Иличиќ пристигна во Аталанта во 2017 година и тој е меѓу најзаслужните што тимот се избори за Лигата на шампиони.