Гасперини заразен го водел мечот означен како „биолошка бомба“: Знаев дека имам Ковид-19!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини призна дека имал коронавирус пред мечот меѓу Аталанта и Валенсија.

Бергамо беше еден од епицентрите на пандемијата во Италија, а многу експерти го означија дуелот меѓу Валенсија и Аталанта како „биолошка бомба“, која се рашири во Милано и останатите места.

„Се чувствував болно ден пред мечот со Валенсија, а потоа на денот на дуелот имав влошување. Ако погледнете слики, ќе видите дека не изгледав добро. Тоа беше во март, два дена лошо спиев, Секои две минути амбулантни возила минуваа затоа што болницата е блиску до тренинг-центарот. Навечер си мислев, што ќе ми се случи ако завршам во болница? Не можам да одам сега, имам многу работа. Бидејќи немав температура, не правев тестирање, но во анализата на крвта се наоѓаше вирусот“, кажа тренерот на Аталанта.