Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Наполи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Џенаро Гатузо зборуваше за тешката болест со која се бори долго време.
Гатузо боледува од мијастенија гравис, односно заболување кое доаѓа до отпушање на дел од мускулите, а кај поранешниот фудбалер на Милан може да се забележи тоа со затворањето на окото.
„Ни на момците во соблекувалната не им е лесно да ме гледаат ваков. Но жив сум и не престанувам да се борам. Боледувам од мијастенија веќе 10 години, ова е трет напад кој ми се враќа. Поради болеста сум исцрпен, не е лесно 24 часа се да гледаш дупло. Само лудак може да го издржи тоа на нозе. Ова е мој живот, ако треба да ум*ам, ќе умрам таму каде што живеев – на фудбалскиот терен“, кажа Гатузо