Гатузо нема нерви: Тренерот на Елмас исфрли фудбалер од тренинг пред големото финале!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џенаро Гатузо на еден од последните тренинзи на екипата се изнервирал и од тренинг го избркал Ирвин Лозано, кој очигледно нема иднина во Наполи.

Гатузо сака да го освои првиот трофеј како тренер, а негов противник ќе биде Јувентус, па сигурно нема да биде лесна задачата во финалето на италијанскиот Куп.

Италијанските медиуми пишуваат дека Гатузо се изнервирал бидејќи Лозано не покажал никаква желба на тренингот, па поради тоа го преселил на клупата, а најверојатно и ќе се обиде да го продаде.

Лозано пристигна минатото лето од ПСВ Ајндховен за 40 милиони евра, по желба на Карло Анчелоти, но постигна само три гола и две асистенции на 25 натпревари.