Гатузо: Ова се глупости! Никаде не се исклучуваат фудбалери за пцовки!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Темпераментниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо смета дека Лоренцо Инсиње не требало да добие црвен картон во вчерашниот меч против Интер (0-1).

Голот за победа на „нераѕурите“ го постигна Ромелу Лукаку од пенал во завршницата од натпреварот, па така Интер се искачи на втората позиција на табелата.

Сепак, најмногу внимание привлече ситуацијата во која Инсиње заработи исклучување. Тренерот на Наполи смета дека неговиот напаѓач не требало да заработи црвен картон.

„Не можете да исклучите играч, посебно не капитен на една екипа само затоа што упатил пцовка поради сомнителен пенал. Во Англија и Шкотска не се исклучуваат играчи за пцовки, тоа се случува само во Италија“, кажа Гатузо.