Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи синоќа загуби на гостувањето кај Гранада со 0-2 во нокаут-фазата од Лига Европа и си направи големи проблеми пред реваншот.
Екипата на Џенаро Гатузо играше безе неколку стандардни првотимци, но тренерот кажа дека проблемот бил психолошки и како пример го посочи македонскиот фудбалер Елиф Елмас.
„Елмас направи неколку грешки и потоа се депримираше. во фудбалот, не смеете така да размислувате, мора да продолжите напред, а не да седнете и да ги броите грешките. Мора да се подобриме. Мора да бидеме попрецизни, да создаваме шанси. Сега не вреди да зброуваме за пласман во следното коло. Го загубивме и Политано, не знам кои фудбалери ќе играат во реваншот. Ни недостигаат 10 или 11 фудбалери во моментов“, кажа Гатузо.