Гатузо со реакција за новиот тренер на Јуве: Пирло, е сега тешко тебе!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус вчера потврди дека нов тренер на екипата ќе биде Андреа Пирло, кој пред само девет дена ја доби работата како стратег на тимот до 23 години.

Легендарниот италијански фудбалер и поранешен член на Јувентус и Милан на клупата ќе го наследи Маурицио Сари, кој доби отказ по елиминацијата во Лигата на шампиони од Лион.

Наполи синоќа загуби во Барселона со 1-3, а новинарите го прашаа тренерот Џенаро Гатузо што мисли за поставувањето на Пирло за нов тренер на „Старата дама“.

„Е, сега тешко него, зашто ова е таква работа. Има среќа што ја почнува тренерската кариера во Јувентус, но за оваа работа не е доволна само одличната кариера како фудбалер. Мораш постојано да учиш, постојано да работиш, а некогаш не можеш ниту да спиеш доволно“, кажа Гатузо.