„Ѓаволите“ добиваат нов Португалец: Разочара во Вулвс, но Тен Хаг во него гледа нешто посебно

Вулверхемптон во 2020 година го купи португалскиот фудбалер Витињо од кој се очекуваше да блесне во Англија, но тоа не се случи, па одигра само 23 меча и се врати во Порто.

Витињо повторно беше одличен во дресот на Порто минатата сезона, а притоа одигра 47 натпревари со што му помогна на тимот да стигне до двојната круна.

Овој 22-годишен фудбалер е блиску до нов трансфер во Премиерлигата, а овој пат за него е заинтересиран Манчестер јунајтед, односно тренерот Ерик Тен Хаг.

Јунајтед ќе има конкуренција од два премиерлигаши, а тоа се Арсенал и Њукасл, кои исто така се заинтересирани за услугите на талентираниот фудбалер, кој има договор до 2024 година, а неговата вредност на трансфер-маркетот е 30 милиони евра.