Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер се наоѓа под огромен притисок на англиската јавност по лошите резултати на Манчестер јунајтед, па како негова замена се споменува Зинедин Зидан во медиумите.
Зидан, наводно, не чека повик од репрезентацијата на Франција, туку сака да го предводи тим од лето и би прифатил понуда од ПСЖ, ако не му го продолжи договорот на Маурицио Покетино, а тоа нема да се случи ако не ја освои Лигата на шампиони.
Доколку Покетино ја задржи работата до лето, тогаш Зидан ќе биде расположен да го преземе тимот на Манчестер јунајтед, кој очигледно ќе има тешка задача да избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ) сезонава.
Алекс Фергусон, исто така, бил за идејата Солскјер да остане до крајот на сезоната, а ако не направи ништо, тогаш во клубот да пристигне Зидан.