Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед им приреди уште едно лошо изненадување на своите навивачи откако вечерва беше поразен од Башакшехир на гости во Турција.
Натпреварот беше решен во првите 45 минути. Демба Ба по една контра го отвори резултатот во 13. минута, а во 40 преку Виска Турците дојдоа и до 2:0. Марсијал три минути подоцна го намали резултатот на 2:1.
Во вториот дел резултатот не се промени па „црвените ѓаволи“ ја напуштија Турција со наведнати глави.
За Јунајтед ова е прв пораз во Лигата на шампионит после двете стартни победи против ПСЖ и Лајцпиг.