„Ѓаволите“ нема да ризикуваат: Рашфорд ќе добие нов договор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот Маркус Рашфорд во моментов е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер јунајтед, па благодарение на неговите голови и асистенции екипата се движи кон врвот на табелата.

Премиерлигашот планира да му понуди нов договор на Англичанецот, иако неговата соработка важи до 2023 година, зашто не сака да ризикува и ќе му понуди повеќе пари.

„Ѓаволите“ ќе му понудат нов петгодишен договор на Рашфорд, според кој ќе стане еден од најплатените во Премиерлигата, односно ќе добива 300.000 фунти неделно. Од Манчестер.

Рашфорд претходно заработуваше 200.000 фунти неделно, па ова ќе биде одличен бонус за него.