„Ѓаволите“ со тешки навреди за Роналдо: Пеналдо е готов!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед беше изненаден во ФА-купот од Миделзбро на „Олд Трафорд“ на пенали (7-8), а по натпреварот навивачите му беа лути на Кристијано Роналдо, кој во 20. минута промаши цел гол од пенал.

Роналдо ја зема топката пред Бруно Фернандеш, а неговиот удар заврши покрај голот и тоа ги налути навивачите кои го нарекоа „Пеналдо“.

„Пеналдо е навистина готов“, беа само дел од критиките.

Разочаран од промашувањето на Роналдо беше и легендарниот Рој Кин.

„Тој најмногу ме изненади. Секако дека може да го критикуваме. Мораше да даде гол, никој не очекуваше да промаши. Верувам дека сакал да биде прецизен, зашто забележа дека голманот е нервозен“, вели Кин.